(ВИДЕО) Полицаец удира шлаканица на момче на улицата „Партизански одреди“
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020
Видео на кое се гледа како полицаец му удира шлаканица на момче испратиле граѓани кои биле сведоци на настанот до редакцијата на Телма.
Според нивното кажување, инцидентот се случил вчера попладне на улица „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но потоа еден од полицајците му удира шлаканица, а друг го трга на страна и вербално го напаѓа.
Во Одделот за внатрешната контролапри МВР потврдиле дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка.