(ВИДЕО) Ал Џезеира доби право да ги снима плантажите со канабис во Македонија
Објавено во: Економија 22 Мај, 2018
Седум компании во Македонија со мешан капитал произведуваат канабис од кој потоа ќе се произведува масло за медицинска употреба. Интересите за оваа индустрија се зголемуваат и затоа владата работи на уште подобро уредување на оваа деликатна дејност.
Очекувањата се дека покрај нови работни места, оваа индустрија може на државата да и донесе приход од приближно сто милиони евра годишно.
Ал Џезеира доби ексклузивен пристап во просторот каде се одгледува билката.