(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА НА ХАЛКИДИКИ: Невремето однесе и жртви
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2019
Шест лица го загубиле животот во невремето коешто го зафати
полуостровот Халкидики, во северна Грција. Ројтерс пренесува дека станува збор за лица кои
се странци, туристи.
Според медиумот две од жртвите се возрасни лица од Чешка. Една жена од Рманија и нејзиниот 8 годишен син и еден маж и едно момче од Русија. По невремето околу 100 лица побарале медицинска помош.
Нанесени се големи материјални штети кај продавници, ресторани, кафичи, но и кај куќи, на некои места на Халкидики нема ниту струја.
Полуостровот е дестинација која е избрана од голем број на македонски туристи, но нема информација дека има повредени македонски туристи.
Видео Фејсбук