25 Април, 2024
0.0280

(ВИДЕО) АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО АВСТРАЛИЈА: Беснеат пожари, портокалово небо, се пржат на 40 степени

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Силните ветрови кои што дуваат во југоисточна Австралија донесоа неверојатна облачна прашина во градот Милдура,кои го исполниле небото во портокалова боја, а целиот пејзаж личел на сцена од апокалиптични филмови.

На мештаните на Милдура ниту малку не им е лесно бидејќи ветровите дуваат околу 40 км/ч, а температурите се искачуваат до 40 степени. Покрај се , видливоста значајно паднала бидејќи се попримило портокалова боја.

-Ветрот е остар а небото портокалово. Ужасно е. Прашина има толку често што тоа стана нормално кај нас-рекол еден жител на Милдура.

Иако навикнале околу двапати годишно да искусат вакви незгодни бури, сега со тој проблем мора да се борат и неколку пати неделно.


Инаку, пожарникарите се борат со стотици шумски пожари ширум континентот, а пожарите се шират и на нови локации, што предизвикало и нови предупредувања дека можеби за некои жители и е доцна да се евакуираат .

Чадот од шумски пожари стигнал и до Сиднеј, а жителите се предупредени да не ги пуштаат децата надвор од дома.

Десетици пожари беснееле ширум југоистокот на државата Викторија, каде температурите во Мелбурн достигнале и 40,9 степени, што воедно е и најтоплиот ден од 1894 година, соопшти метеоролошката служба на Австралија.

Властите ги предупредиле граѓаните северно од Баларт дека е премногу доцна да се евакуираат безбедно.

„Вие сте во опасност, работете на тоа да се заштитите. Предоцна е да се евакуирате. Најбезбедна опција е веднаш да се најде засолниште“, рекоа властите. 



Досега во пожарите се убиени четири лица, при што милиони хектари земјоделско и шумско земјиште изгореле, а уништени се повеќе од 400 домови.

Се вели дека и покрај тоа што летото официјално започнува за десет дена, екстремно високите температури и силниот ветер ги подгревале пожарите.

Пожарите исто така создадоа проблеми во снабдувањето со електрична енергија, па многу домови во Викторија останале без електрична енергија.

За прв пат во последните 10 години, надлежните издадоа црвен аларм, што значи дека условите се најлоши, дека пожарот брзо се расгорувал и е неконтролиран.


FOTO: EPA

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови