(ВИДЕО) Асанж уапсен во еквадорската амбасада во Лондон
Објавено во: Свет 11 Април, 2019
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е уапсен од британската полиција во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Полицијата ја спроведе наредбата откако Еквадор му го укина дипломатскиот азил.
Асанж живееше седум години во амбасадата на Еквадор и не се движеше никаде на друго место за да не биде уапсен.
Претседателот на Еквадор, Ленин Морено, рече дека добил уверување дека тој нема да биде екстрадиран во земја каде што ќе биде малтретиран или неправедно суден.
„Можам да потврдам дека Џулијан Асанж е сега во полициски притвор и заслужено е соочен со правдата во Велика Британија. Би сакал да му се заблагодарам на Еквадор за соработката и на полицијата за нејзината професионалност. Никој не е над законот“, изјави Саид Џавид, британскиот министер за внатрешни работи.
Се верува дека тој е гонет од властоте на САД за објавување на класифицирани документи, иако официјалното обвинение е сексуално малтретирање во Шведска.