(ВИДЕО) Автобус се преврте во провалија во Индија
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2019
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Индија.
42 патници загинаа во индиската држава Химачал Прадеш кога автобус, кој превезувал над 70 патници се преврте во бездна длабока 500 метри.
Повеќе од 30 патници се повредени кога автобусот се превртел во река во планинскиот предел Кулу.
Бројот на загинати може да порасне, затоа што не се знае колкумина од оние што седеле на покривот на автобусот настрадале во несреќата.