(ВИДЕО) СТРАВИЧНА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА: Има повредени
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2019
Ноќеска околу 23 часот на влезот во Пљевља во црна Гора се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу автобус и помало патичко возило.
По судирот најверојатно автобусот излетал од патот и се превртел.
Медиумите од регионот пренесуваат дека во автобусот се повредени тешко 37 лица, кои се пренесени во најблиските болници им е укажана лекарска помош.
Во автобусот имало околу 40 патници кои се возеле на релација Никшиќ-Врбас.
Според медиумите од регионот, дел од повредените се пренесени во Белградската болница поради потешките телесни повреди и скршеници, но за среќа немало лица кои се во живото-загрижувачка состојба.
Видео и Фото Фејсбук