(ВИДЕО) АВТОМОБИЛ КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ: Едно лице загина во Подгорица
Објавено во: Балкан 04 Март, 2020
Бомба вечерва околу 19:30 часот е активирана под автомобил во црногорскиот главен град Подгорица.
Едно лице загина, а уште едно е тешко повредено и е префрлено во Ургентниот блок на Клиничкиот центар на Црна Гора.
Од ескплозијата уште едно возило е зафатено од пожар.
Две екипи на противпожарната служба пристигнале на местото, но и полицијата која врши увид.