23 Април, 2024
0.0266

(ВИДЕО) БАКСУЗНИОТ БОИНГ 737 МОЖЕЛ ДА УБИЕ ИЛЈАДНИЦИ: Пилотите откриваат ужасни детали

Објавено во: Свет 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Американските пилоти имале час до два за едукација за летање со новиот боинг 737 мах 8 , кој во последната половина година учествуваше во две авионски несреќи.

Првата од нив се случила во октомври минатата година во Индонезија и тоа набрзо по полетувањето на самиот авион и во неа загинаа 189 патници заедно со екипажот, додека во неодамнешната починаа сите 157 патници и членови на екипажот.

Тој авион се урна само шест минути по полетувањето. Затоа Кина, а потоа и многу други земји, одлучија да ги забранат летовите со тие авиони.


Од вкупно 10 510 Боинг 737 авиони , 376 од нив и припаѓаат на серијата макс, во која произведувачот на авиони воведе одредени промени на системот на управување со лет бидејќи тие модели имаат поголеми мотори.

Според прелиминарните истражувања и извештаи, првата несреќа, таа на авиопревозникот „Лајон ер“, е резултат на „борбата меѓу пилотот и авионот“, односно непознавање на новиот систем на управување со авионот. Ако се земе предвид тоа што пилотите кои инаку се квалификувани за управување со боинг 737-800 пред летање со новиот модел поминале низ „едукација“ долга еден час и тоа на ајпад, проблеми и не изненадуваат.

-Пилотите на боингот 737-800 примиле дополнителна едукација за Макс 8 за одредени разлики во моделите во траење од еден час. Останатото не било потребно“ - изјавиле од Американ ерлајнс.

Покрај тоа, иако пилотите напишале водич на 13 страници за 737 Мах, во него не се споменува новиот систем на управување (т.н.Maneuvering Characteristics Augmentation System, MCAS) како ни потреба за ајпад едукација. Тоа е резултат на заклучокот на Сојузната управа за воздухопловство (Federal Aviation Administration, FAA) која при споредбата на двата модели на авионот не го видела MCAS  како нивна разлика.


Дури по несреќата на „Лајон ер“ пилотите покрај Ајпод добиле и инструктор, а водичите се ажурирани со нови информации. Новата несреќа конечно ги поттикна авиопревозниците и да нарачаат симулатори како што бараа пилотите од самиот старт , но како што сметале во повеќето авиокомпании, за тоа „немало потреба“. Притоа треба да се нагласи дека има исклучоци како што се Ајсландер и Ер Канада кои имале симулатори месец дена пред доаѓањето на првите 737 Мах.

-Најдобро би било да се добијат информации од самиот Боинг за проблемите кои ги има MCAS и така да се добие програмиран симулатор бидејќи иако пилотите можат совршено да изрицитираат како да постапат во секоја ситуација , тоа не е така црно-бело како што мислите-вели британскиот пилот Крис Брејди додавајќи дека пилотите во случајот на несреќата „Лајон ер“ виделе низа индикатори кои им говореле дека нешто не е во ред, но не знаеле со кој прво да се позанимаваат.

Можеби ќе ве интересира

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците