(ВИДЕО) БЕБЕТО СПАСЕНО ОД ПОД УРНАТИНИТЕ Е ВО БОЛНИЦА - папочната врвца со мајката била на него, го родила за време на земјотресот
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2023
Вчерашниот ден светот го обиколи снимката од штотуку родено бебе, кое било спасено од под урнатините во земјата.
Кај него не била одвоена папочната врвца со мајката, што е доказ дека мајката за време на земјотресот го родила бебето.
Бебето е во добра здравствена состојба, но неговата мајка, за жал, починала веднаш откако на свето го донела малото девојче.
Дваесет и седум спасувачки тимови се мобилизирани во потрага по преживеани по разорниот земјотрес во Турција, објави комесарот за кризни состојби на Европската унија, Јанез Ленарчич…
Фото: Принтскрин Јутјуб