20 Април, 2024
0.0294

(ВИДЕО) Биби им подари новогодишна песна на децата

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

„Прекрасна е елката моја, со лампиони во црвена боја...“ со овие стихови нѐ радува Биби во нејзината новогодишна песничка „Трепкај, трепкај, елкичке“, која од синоќа можете да ја најдете на нејзиниот јутјуб-канал „Биби/Bibi“. Многу дечиња веќе ја научија песната. Дел од нив ја слушнаа во саботата на роденденската забава во „Капитол  мол“, каде што Биби првпат ја испеа.


Автор на текстот на песната е Билјана Црвенковска, а на музиката и аранжманот - Ангел Ќосев. Песната се снимаше во студиото „Подрумот“ во Скопје. Режисер на видеото е Гоце Цветановски, арт-директор е Тхе Мичо.

Ќосев е еден од најангажираните композитори кај нас. Работи со многу популарни музички групи периодов – „Монистра“, „Љубојна“, „Дупер“, „Фанк Шуи“ и други.

Композиторот не крие дека му било предизвик да создаде песна за Биби.

- Секогаш е убаво кога се создава песна за деца. Навидум се чини дека е лесно, но уметноста се состои во тоа да биде интересно, но и примамливо. Имам создадено многу песни за детски фестивали. До неодамна работев и со деца во основно училиште и знам како реагираат. Како и сите што влегоа во проектот Биби, и јас влегов со многу љубов и ентузијазам - вели Ќосев и додава дека снимањето било најинтересниот и најзабавниот дел од процесот.

- Слаѓана е многу талентирана актерка и одлично пее. Лесно го трансформира гласот, а воопшто не е едноставно возрасен да долови детски глас – објаснува Ќосев. 


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!