(ВИДЕО) БОРИС МАЛАГУРСКИ: НАТО со поканата за членство навистина ја почести Македонија
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2018
Српскиот филмски режисер, продуцент, сценарист, и активист, Борис Малагурски, за Фактор вели дека НАТО со поканата за членство навистина ја почести Македонија.
„Македонските млади луѓе ќе имаат чест да патуваат во сите држави ширум светот, да учествуваат во воените акции на НАТО Алијансата, бранејќи го крупниот капитал на неолибералните групи на интерес на Западот, а убивајќи недолжни цивили, сиромашни жртви на американските империјалистички политики, ширејќи „демократија на бомби“. слобода, отстранување на демократски режими, и „правда“, одземање на ресурси кои им припаѓаат на локалното население, за да богатите странци бидат уште побогати. Или можете да изберете друг пат, се надевам ќе изберете друг пат“ - вели Малагурски за Фактор.
За РТ во краток документарец тој се осврнува околу спорот за името, кој го „кочи“ влезот на Македонија во НАТО.