(ВИДЕО) Браќа милионери дел од терористите на Шри Ланка
Објавено во: Свет 25 Април, 2019
Видео надзорот на еден од хотелите кој беше нападнат од терористи самоубијци на Велигденскиот масакар во Шри Ланка излезе во јавноста, објавија европските медиуми.
На снимката се гледа како двајца браќа синови на милионер Јонус Ибрахим, трговец со зачини, влегуваат во хотелот со ранци на грбот и само неколку секунди потоа во хотелот глетката станува страотна.
Браќата Ибрахим посетувале приватни училишта, биле модерни и не покажувале никаков сомнеж на екстремизам.
Со овој бомбашки напад браќата усмртиле 40 туристи кои во Шри Ланка биле на одмор, а меѓу загинатите имало и три деца.
Полицијата неколку часа подоцна влегла во луксузниот дом на едниот од браќата, таму ја затекнале неговата бремена жена која се разнела себеси и своите три деца, како и три полицајци.Видео CBS Evening News