26 Април, 2024
0.0648

(ВИДЕО) БРЕГЗИТ И ПРЕСУДИ: Тереза Меј низ солзи објави кога ја напушта функцијата

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Британската премиерка ќе ја напушти функцијата на 7 јуни, соопшти таа во обраќањето пред познатиот број 10 во Даунинг улицата, во Лондон.

Таа рече дека длабоко жали што не успеала да ја изнесе земјата од ЕУ. Меј изјави дека таа работа и останува на нејзиниот наследник кој ќе мора да најде консензус во парламентот.

-Сега ми е јасно дека е во најдобар интерес на земјата новиот премиер да ги предводи тие напори. Така да денес објавувам дека ќе поднесам оставка како лидер на Конзервативната партија во петок на 7 јуни-рече Меј, а нејзината одлука автоматски значи и заминување од местото премиер на кое помина 3 години.

-Тоа е можно само ако сите страни сакаат компромис-рекла Меј.


Таа додава и дека е горда на напредокот остварен во последните три години.

Британската премиерка низ солзи на крајот на говорот истакна дека е горда на се што постигна нејзината земја.

-Нашата политика можеби е под притисок, но има толку многу работи што се добри во земјава, толку многу нешта на кои сме горди-рекла Меј и додала:

-Наскоро ќе ја напуштам работата која беше најголема чест во мојот живот-кажа низ солзи премиерката.

Оваа одлука веќе е долго очекувана и ќе покрене трка за нов лидер кој веројатно ќе инсистрира на одлучување договор за Брегзит.




Foto: Принтскрин/ EPA / Neil Hall


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот