(ВИДЕО) Бура „косеше“ во Далмација на Бадник
Објавено во: Балкан 25 Декември, 2018
За Бадник силна бура го погоди хрватскиот град Сплит.
Ваботените во противпожарната служба и доброволните друштва имале неколку интервенции при кои, во повеќето случаи, отстранувале гранки и стебла што паѓале врз возила.
Првата интервенција се случила на улица во Сплит, каде што гранка од дрво паднала врз паркирано возило, пренесе порталот „Индекс.хр“. Поради палење на отпад, имало запалени контејнери, а едно постаро лице е најдено мртво.
Во Далмација вчера на сила беше црвен метео аларм.