22 Април, 2018
0.0631

(ВИДЕО) Циклон срамни една држава со земја

Објавено во: Свет 13 Февруари, 2018

Тонга е погодена од најлошата бура во последните 60 години. Циклонот „Гита“ е од четврта категорија, зад себе остави огромна материјална штета.

Парламентот на островската држава Тонга во Пацификот е целоснo уништен по налетот на циклонот „Гита“. 

Објектот е стар повеќе од 100 години и сѐ уште не се знае каде пратениците ќе ги извршуваат своите должности додека не се санира штетата. 

Владата прогласи вонредна состојба. Во главниот град е воведен полициски час. Формирани се евакуациски центри во кои илјадници луѓе можат да пронајдат засолниште во текот на ноќта.

Околу 70% од домовите и објектите во Нуку'алофа – главниот град на Кралството Тонга, се целосно или делумно урнати. На повеќето места по островите нема струја. Урнати се многу дрвја и електрични столбови. Сѐ уште нема информации за жртви, но десетици луѓе побарале медицинска помош. 


„Гита“ веќе направи голема материјална штета на Самоа. Според метеоролошката служба на Фиџи, се очекува циклонот да се засили до петтата, најсилна категорија. Експертите, пак, наведуваат дека бурата сепак ќе ги заобиколи најнаселените делови на Фиџи.

Циклоните се честа појава на Пацификот во овој период од годината.


Можеби ќе ве интересира

По епидемијата на напади Индија со смртна казна за силувачите на девојчиња

По епидемијата на напади Индија со смртна казна за силувачите на девојчиња

Гренланд се поблиску до независност

Гренланд се поблиску до независност

Неонацистите во Германија се разбудија на роденденот на Хитлер

Неонацистите во Германија се разбудија на роденденот на Хитлер

Зошто ФБИ нуди милион долари за новинар загубен во Сирија?

Зошто ФБИ нуди милион долари за новинар загубен во Сирија?

Проголтал килограм кокаин на аеродром

Проголтал килограм кокаин на аеродром

Пробив во истрагата на случајот Скрипал: Идентификувани клучни осомничени

Пробив во истрагата на случајот Скрипал: Идентификувани клучни осомничени

Како реагираа Кина и САД на одлуката на Северна Кореја за крај на мисијата со нуклеарните тестови

Како реагираа Кина и САД на одлуката на Северна Кореја за крај на мисијата со нуклеарните тестови

Твитер се откажа од „Касперски“ зошто „бил поврзан со руските служби“

Твитер се откажа од „Касперски“ зошто „бил поврзан со руските служби“

СВЕТОТ МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ: Ким Џонг Ун соопшти вест која најмногу го израдува Трамп

СВЕТОТ МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ: Ким Џонг Ун соопшти вест која најмногу го израдува Трамп