(ВИДЕО) Дачиќ пееше во Паралија и по грчки обичај скрши чинија
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2019
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, минатата ноќ запеа во Паралија по повод отворањето на Канцеларијата на Единствена Србија во тој грчки град.
Свечената вечера ја организираше претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, за околу 1.200 бизнисмени, а Дачиќ ја пееше познатата грчка песна „Не се лути на мене око мое”, а потоа „Пукни зоро” и „Муштулук”.
На крајот, според грчкиот обичај, министерот скрши чинија.
Ова не е прв пат Дачиќ да тее. Тој пееше на турски пред Реџеп Таип Ердоган, но и пред многу други политичари. Пеел на руски, италијански, турски јазик.