(ВИДЕО) Дали Гваидо во Србија учел како се организираат протести?
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2019
Венецуелскиот амбасадор во Русија, Карлос Фариа Тортос вели дека САД уште пред 10 години го врбувале претседателот на Парламентот, Хуан Гваидо кој се прогласи за претседател и дека тој е марионета на Вашингтон.
„Гваидо кој никој не го знаеше пред тоа, го врбуваа САД уште пред 10 години. Според нашите податоци него го испратиле во Србија за да учи, што веројатно вие знаете. Оттогаш почна се“, изјави дипломатот, пренесе „Спутник“
Во Венецуела на 21 јануари почнаа масовни протести против актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро. Гваидо на 23 јануари се прогласи за привремен претседател на државата. САД и други земји го признаа Гваидо и побараа од Мадуро да не дозволи насилни акции против опозицијата. Мадуро како легитимен претседател го признаваат Русија, Кина и други земји.
Денеска во земјата има митинг и контрамитинг.
Мадуро и Гваидо ги изнесоа на улица своите поддржувачи.