(ВИДЕО) ДАЛИ ОВОЈ ЧОВЕК Е КРИВ ЗА СЕ: Откриен идентитетот на мажот поради кој Нурмагомедов направи хаос
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2018
Рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во лесна категорија на UFC229, бидејќи во Лас Вегас го победи Ирецот Конор Мекрегор.
Нурмагомедов во текот на натпреварот беше подобар, а победи откако го стегна Мекрегор околу врат, па ирскиот борец го предаде натпреварот на минута и 57 секунди пред истекот на четвртата рунда.
Русинот веднаш почна да вика на противникот, а потоа со прст покажа каде се наоѓа тимот на Мекрегор, кој на тоа одговорил. Тој потоа се качи на оградата и го нападна Дилон Данис, кој тренира со Мекрегор.
Тогаш дошло до мешање и општа тепачка, а некој од придружбата на рускиот борец влегол во октагон и го удрил Мекрегор. Ирецот се бранел, а потоа дошло обезбедувањето и ги раздвоило.
Цел свет по натпреварот бил во чудо и се прашувал само едно - кој е тој Дилон Данис?
Данис всушност е мајстор на џиу-џицу стар дури 25 години. Сепак, оваа боречка вештина ја усовршувал на престижната академија во Њујорк под будното око на Марсел Гарсија, кој е петкратен првак во светот токму во таа дисциплина.
Данис во овој момент е носител на црн појас, а со овој спорт почнал да се занимава кога имал само 15 години. Со Мекрегор соработува од 2016та, а е повикан непосредно пред дуелот со Нејт Дијаз.
По инцидентот и самиот натпревар се огласи и самиот Русин кој го порачал следново:
„Пред се би сакал да и се извинам на Спортската комисија на Невада. Ова не е мојата најдобра страна. Но, Мекрегор зборувал за мојата религија, зборувал за мојот татко. Зошто луѓето зборуваат за тоа како сум излегол од „кавез“? Дошол во Бруклин и замалку ќе убиеше неколку луѓе“, рекол после борбата и инцидентот Нурмагомедов.
А потоа го додал и следново:
„Сите го викаат шампион на две категории, а тој денес се предаде. Ова е спорт во кој треба да има почит, а не „треш-ток“. Сакам да го сменам тоа. Не сакам луѓето да навредуваат или зборуваат лошо за противниците, за татковците, религијата. Не можеш да зборуваш за религија и нација. За мене тоа е многу важно“, рекол после борбата Русинот.
FOTO: AP