(ВИДЕО) Десетина луѓе биле заглавени во лифтови, еве како се тресеше Aтина

Објавено во: Балкан 19 Јули, 2019
Илјадници луѓе во грчката престолнина Атина панично истрчаа на улиците по силниот земјотрес од 5.1 степен.
Според ЕРТ, противпожарната служба спасила околу десетина луѓе заробени во лифтови. Атињаните уште се надвор и се плашат да влезат во своите домови.
Епицентарот бил на околу 25 километри северозападно од главниот град на Грција на длабочина од околу 15 километри. Имало и повеќе последователни потреси.
Поради придвижувањето на тектонските плочи, земјотреси редовно се случуваат во регионот на Средоземното Море, но тие обично немаат голем интензитет. Во 1999 година, меѓутоа во земјотрес од 5,9 степени според Рихтеровата скала во Атина и во регионот северозападно од главниот град на Грција загинаа 143 луѓе.Турските научници пак предупредуваат за опасноста од нови силни земјотреси што го загрозуваат Истанбул и реонот на Мраморно море.
Можеби ќе ве интересира
АЛБАНЦИТЕ АПСАТ: Лоцираа кој е виновен за катастрофалните последици од земјотресот

(ФОТО+ВИДЕО) Во Далмација по удар на циклон водата стигна до првите кафулиња

ХРВАТИТЕ ВЕ ЧЕКААТ НА ЛЕТО: Ќе им требаат 35.000 сезонци

(ФОТО) ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ од времето на Исус Христос најдено близу познат грчки остров

Грците ќе ги враќаат иселените со плати од 3.000 евра

(ФОТО) Со два факултети му е супер во Швајцарија, но ќе се врати во својата земја

Нобеловецот Хандке е непожелна личност во Сараево и Приштина
