(ВИДЕО) Девојче кое има само 5 години преживеа неколку дена во шума
Објавено во: Свет 23 Август, 2019
Зарина Авгонова од Русија која има само 5 години, е спасена по поминати четири дена сама во шумата. Таа се изгубила додека берела печурки со нејзината баба.
Кучињата не можеле да ја намирисаат, но таа имала среќа затоа што спасувачите нашле нејзини траги.
Кога ја нашле, Зарина била исцрпена и дехидрирана.
„Нејзиниот глас беше толку слаб, па мислевме дека е птица“ – рекол волонтерот Алексеј Макаров.
Таа имала гребаници и модринки, а маицата и била мокра.
Зарина е пронајдена на околу километар и пол од нејзиното село. Од шумата со хеликоптер е пренесена во болница.