19 Април, 2024
0.0275

(ВИДЕО) Девојчето кое ги тресеше светските лидери: Грета со моќно видео ја праќа најважната порака до светот

Објавено во: Свет 11 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Овој петок на 15 март се подготвува еден од најголемите еколошки протести што ги видел светот. А по тој повод, јасно е дека девојката  Грета Тунберг е се повеќе возбудена.

Таа праќа уште помоќно видео од оној говор кога ги стресе светските лидери.

За Грета Тунберг светот дозна кога таа започна штрајк со неодење во школо за климатските промени пред зградата на шведскиот парламент минатиот август. Нејзините родители се обидоа да ја разубедат. Соучениците одбиваа да се придружат. Рударите изразија жалење и вознемиреност во поглед на тогаш непознатото 15-годишно девојче кое седеше на калдрмата, со рачно насликан транспарент.

По осум месеци сликата не можеше да биде поинаква. Пораките на младата тинејџерка се шират низ целиот свет како модел на определување, инспирација и позитивна акција. Националните претседатели и директори на корпорации не се осмелуваат да се соочат со критиката. Нејзиниот школски штрајк е преведен на десетици јазици. И најимпресивно од се е тоа што осамената тинејџерка веќе не е сама.

Овој петок на 15 март се подготвува еден од најголемите еколошки протести што ги видел светот. А по тој повод, јасно е дека девојката  Грета Тунберг е се повеќе возбудена.


Таа во декември минатата година во име на светското младинско климатско движење, им даде укор на дипломатите, директори и избрани лидери на конференцијата  СОP24, велејќи дека не е таму за да побара помош од нив или да побара од нив да се придржуваат до барањата, туку да им даде до знаење дека новите политички реалности и трансформацијата на обновлива енергија доаѓаат без разлика дали тоа им се допаѓа или не.

Тунберг рече дека не бара ништо од собраните лидери - дури и кога седеше веднаш до генералниот секретар на ОН, Антоион Гутерес. 

- Луѓето треба да сфатат дека нашите политички лидери не успеаја, бидејќи се соочуваме со егзистенцијална закана и нема време да продолжиме по овој пат на лудило - порача таа.

Грета Тунберг е млада девојка во опасност и таа има потреба од нашата помош. Ајде да и покажеме дека ни е грижа и да ја споделиме најважната порака во историјата на човештвото.


Можеби ќе ве интересира

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите