(ВИДЕО) ДРАМАТИЧЕН МОМЕНТ: Градски автобус се излизга и удри во куќата на позната српска пејачка!
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2017
Автобус, кој поминувал покрај куќата на познатата турбо-фолк пеачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, синоќа изгубил контрола и удрил во куќата.
Српскиtе медиуми дојдоа до видеото.
Пеачката и нејзиното семејство во тој момент слушнале силен удар и како се тресат ѕидовите.
Повикале итна помош и истрчале да помогнат.
Полицијата кај двајца патници констатирала лесни телесни повреди.
На среќа поголема трагедија е избегната, иако местото на несреќата изгледало страшно-стакло имало насекаде, откорнати се две дрва и бандера...
Со брзата реакција на полицијата, се е санирано брзо.
Фото-Видео: Телеграф.рс