(ВИДЕО) ДВЕ ГОЛЕМИ ДРЖАВИ СЕ ПОВРЗУВААТ СО МОСТ: Ова е проект на кој светот треба да се угледа
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2019
Русија и Кина ќе се поврзат со мост.
Мостот ќе се простира од Нижњелењинској до Тонгџианг и ќе стане првиот железнички мост меѓу двете држави. Делот преку реката Амур е долг 2,2 километри, а вкупната должина на таа сообраќајница ќе биде околу 20 километри. Кина веќе завршила со изградба на дел од мостот.
Русија планира извозот на руда, јаглен, минерални ѓубрива и друга роба во Кина да се одвива преку овој мост.
Изградбата на завршната палуба до железничкиот мост преку реката Амур ќе биде завршена следниот месец.
Ова ќе биде дел од долгоочекуваната инфраструктура која треба да го поврзе Далечниот Исток на Русија со најсеверната кинеска покраина Хелонгџианг.
Се очекува пораст на сообраќајот за 10 пати до 2020 година. За овој мост 28 години се преговарало.