(ВИДЕО) Две лица загинаа при поплави и невреме во Грција
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2019
По Албанија, силно невреме ја погоди и Грција.
Страшно невреме го погодило западот на Грција, а загинале две лица. Најтешко биле погодени градовите Лахена и Кипарисија.
Во округот Илија пожарникарите имале многу работа поради поплави.
Некои училишта биле поплавени, а децата биле пуштени дома. Поплавени беа и делови од Хрватска. Обилните врнежи кои синоќа погодија делови во Хрватска предизвикаа обилни поплави во Загреб и уште неколку региони во околината.