(ВИДЕО) Џафери соопшти дека Законот за јазици е донесен - ќе се крене ли народот?
Објавено во: Македонија 14 Март, 2018
Спикерот Талат Џафери ги повика пратениците да гласаат веднаш по инцидентот со пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и го прогласи Законот за донесен со 64 гласа.
Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ бурно реагираа, но Џафери ја прогласи седницата за завршена. Тие кон колегите викаа „предавници“. Претходно пратеникот Никола Груевски се качи на говорницата кај претседателот Џафери и бараше од него да прекине со работата. Тој му ја истури чашара со вода и го осклучи микрофонот и се обиде и да му ја земе картичката на Џафери.
Пред Собранието има луѓе кои се незадоволни, а се очекува тој број да се зголеми особено по завршување на работното време.