(ВИДЕО) ЕДЕН НА ЕДЕН: Македонката која го прошета целиот свет е гостинка на Жаре
Објавено во: Македонија 28 Април, 2017
Оваа сабота на „Телма“ во 19 и 15 часот ќе имате прилика да го погледнете едно од најинтересните изданија на бр.1 ток-шоуто - „Еден на Еден“ во оваа осма сезона.
Овој пат Жаре ја угости Ивана Чолаковска - девојката од Македонија која заедно со своето момче Ману, на мотор го прошета целиот свет и собра еден куп неверојатни анегдоти и искуства.
Ивана ќе каже зошто одлучи да тргне низ светот, ќе раскаже за убавите и неубавите моменти од обиколката на земјината топка, а богами со пар авантури и ќе не шокира!
Оваа сабота мора да бидете пред малите екрани и да го погледнете исклучително интересниот разговор на Жаре и Ивана: