(ВИДЕО) ЕКСПЛОДИРА ТАНКЕР СО НАФТА: Се стравува од еколошка катастрофа
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2018
На ирански нафтен танкер, кој неодамна е оштетен во судир со кинески брод, дошло до експлозија, соопштило денеска кинеското Министерство за сообраќај.
Спасувачките бродови биле приморани да се повлечат на безбедна далечина.
Иранската компанија, чиј нафтен танкер се запалил по судирот во сабота во Источното кинеско море, соопштила дека постои надеж дека ќе бидат пронајдени преживеани меѓу 31 член на посадата, кои и понатаму се водат како исчезнати, додека спасувачките операции продолжуваат денеска.
Кинеското Министерство за сообраќај соопштило вчера дека пронашло тело на маж за кој се верува дека бил член на екипажот на иранскиот танкер кој се судрил со товарен брод.
Пожар на ирански танкер избил во саботата вечерта, по судирот со теретен брод. Во моментот на судир, танкерот превезувал околу 136 000 тони нафта.
Екипажот на танкерот го сочинувале 30 Иранци и двајца државјани на Бангладеш. На кинескиот товарен брод биле 22 Кинези и сите се спасени.