(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО РИМ: Се запали автобус
Објавено во: Свет 08 Мај, 2018
Градски автобус експлодираше денеска во историскиот центар на Рим по краток електричен спој, но никој не е повреден.
Неколку десетици туристи и случајни минувачи го гледаа автобусот откако ескплодираше денеска околу 10 часот. Од експлозијата се вклучиле алармите на другите возила во близината.
Оганот зафати фасади на неколку катови на една зграда во историскиот центар на РИм, недалеку од фонтаната Ди Треви и седиштето на премиерот.
Властите отворија истрага за причината на експлозијата, но агенцијата Анса пренесува дека веројатно станува збор за краток електричен спој.