25 Април, 2024
0.0278

(ВИДЕО) Екстра евтини куќи во мало гратче во Италија

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Едно италијанско гратче сака да се спаси од изумирање, така што ги нуди своите куќи за 1 евро. 

Жителите од ова место си заминуваат во поголемите и поурбани средини. 

Се работи за градот Самбука ди Сичилија, кој се наоѓа на западниот брег на Сицилија. 

Оној кој ќе купи имот ќе се обврзе дека за три години за обнова на станот ќе вложи најмалку 15.000 евра. Плус, пред купувањето треба да приложи депозит од 5.000 евра кој ќе му биде вратен по обновата.


„Ветуваме дека купувачите нема да бидат разочарани“, велат од општината. 

Се продаваат 12 станови, а површината е од 40 до 150 метри квадратни. Од општината велат дека ова не е  пропаганда тука вистинска потреба за нови вложувања. 

„Ние не сме посредник меѓу старите и идните сопственици, туку градот е сопственик на сите станови кои ги нуди на продажба“, велат од општината. 

Досега продале 10 станови, а заинтересирани купувачи има од Швајцарија, Франција, Шпанија како и од други делови на светот.

Самбука ди Сичилија се наоѓа на западната страна Сицилија во провинцијата Агриџенто. Пописот на населението од 2016 година покажа дека во градот живееле 5.878 луѓе.

Ова не е прв ваков случај. И претходно други италијански гратчиња барале нови жители, за да не изумрат. 

Ололаи, малечка населба во планинскиот регион на Барбагија на островот Сардинија, на почетокот на 2018 година објаву дека ги продава своите напуштени домови по цена од едно евро. 

За едно евро можно е да купите куќа во гратчето Патрика во провинцијата Фросиноне, само час и половина возење од Рим.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек