(ВИДЕО) Емигранти упаднаа во „Зара“ во Белград за да крадат облека
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2021
На Инстаграм се појави видео, покрај кое беше опишано дека околу десет мигранти се обиделе да ограбат бутик на „Зара“ на Кнез Михаjлова синоќа во Белград околу 18 часот.
Според лицето кое го снимало видеото, двајца безбедносни работници се спротивставиле на групата мигранти. Според сведоштвото, конфликтот меѓу нив траел околу десет минути.
На страницата се вели дека мигрантите на крајот успеале да украдат една јакна.
Видеото покажува група мажи како стојат пред влезната врата од продавницата. Се слушаат расправии и викање.