(ВИДЕО) Eрдоган доби скап подарок - еве што му подари емирот од Катар
Објавено во: Балкан 14 Септември, 2018
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган доби вреден подарок од катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани.
Тој на Ердоган му подари авион „боинг 747-8“, еден од најголемите и најскапи приватни авиони на светот.
Луксузниот авион, вреден скоро 367 милиони американски долари, слета на меѓународниот аеродром во Истанбул.
Авионот има капацитет за превоз на 94 лица, односно 76 патници и 18 члена на екипажот, а во него има разновидни и пространи кабини, првокласни седишта, сали за состаноци, па дури и болница.
Авионите „боинг 747-8“ претходно ги користеше приватна авиокомпанија кога превезуваше членови на кралското семејство и високи државни официјални лица.