(ВИДЕО) ЕРДОГАН ДОБИ УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО АКП: Порача дека Турците нема да се поклонуваат
Објавено во: Балкан 18 Август, 2018
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска едногласно е реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП).
На 6-тиот редовен конгрес на партијата од вкупно регистрирани 1.457 делегати, поддршка на Ердоган му дале 1.381 делегат, додека еден глас е неважечки.
Во своето обраќање Ердоган кажа дека нема да им се предадат на оние кои се прикажувале како нивни стратешки партнери, а во секој чекор се обидувале, да ги претворат во стратешка цел.
„Некои ни се закануваат со економија, санкции, со девизниот курс, девизите, каматите, инфлацијата. Ним им велиме: „Ја увидовме вашата игра и ве предизвикуваме. Знаеме дека ако постои верување, постои и можност. Нашиот народ со своето верување досега проби бројни предавства и замки“- рече Ердоган.
Тој објасни дека тие не се поклонуваат и нема да се поклонат пред оние кои ја градат својата благосостојба, искористувајќи го светот.