(ВИДЕО) Ерменците потврдија - Азербајџанците освоиле делови од Нагорно Карабах
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2020
Азербејџан освои делови од регионот Нагорно Карабах.
Ерменската војска потврди дека Азербејџанците успеале да се пробијат во нови области.
Ова е првпат Ереван да го признае военото напредување на спротивната страна.
Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев на Твитер објави дека се освоени осум села.
Баку објави дека азербејџанската војска освоила вкупно 45 места во Нагорно Карабах.
Азербејџанската државна телевизија објави снимка од луѓе на улиците кои слават со огномет.
Ерменија ја обвини Турција дека ги спречува авионите со хуманитарна помош да го користат турскиот воздушен простор, додека борбите во Нагорно-Карабах го вовлекуваат регионот во катастрофална хуманитарна криза.
фото EPA-EFE