(ВИДЕО) Ерменците заробија арапски платеници кои војуваат во Нагорно - Карабах
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2020
Eрменија објави снимка од заробени арапски платеници, за кои тврдат дека се обучувани во Турција.
Ерменската страна
денеска објави видео од уништување на
камион од конвој кој наводно пренесувал
платеници од Сирија.
Во спорниот регион Нагорно - Карабах се војува од 27 септември.
Во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин денеска изразил загриженост за зголеменото учество на борците од Блискиот исток во конфликтот во Нагорно Карабах, соопшти Кремљ.
Бројната ерменска заедница во Франција на неколку пати организираше блокади на автопатите, но последната направена утрово на автопатот А7 во двата правци во Виен (Изер) доведе до судир меѓу проеременски и протурските активисти.