Видео: Еве го кечерот што ќе ни го одбранел името од дијаспората
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018
Македонската дијаспора претставена преку фамозната организација Македонското меѓународно движење за човекови права се повеќе почнува да го губи својот легитимитет и дигнитет со очајни и непромислени пораки кои креваат тензии. Овој пат, со вклучувањето на „кечерот“ Ристо Петревски "The Macedonian Mauler" ќе го бранеле името од дијаспората, само уште тој фали да дојде и ќе бидеме спасени.
Петревски со голи гради, очила за сонце, некаков ланец на врат и убедливо најдобриот дијалект од дијаспората не убедува дека ние сме имале име старо илјадници години кое не смеело да се промени.
Човек да не знае дали овие се навистина сериозни, дали по грешка се зафатиле на ваков начин да водат кампања или пак е некаква YouTube пародија од некој Македонец кој ја имитира дијаспората.
Во секој случај една од најзабавните вести досега на тема преговори за името и зачувување на националниот идентитет. Најдобро е да погледнете сами и да процените.