(ВИДЕО) Еве како Австријците се борат со 2 метри снег
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2019
Жители од неколку населени места во Австрија се буквално отсечени од остатокот на земјата поради огромните снежни врнежи и наноси. Има исчезнати и загинати луѓе.
Снежната покривка наместа достигнува до 2 метри. Еве како се справуваат некои Австријци со огромните количества снег.
Најмалку 16 луѓе загинаа во невремето ширум Европа во последните неколку дена, а најмногу жртви однесе лавината на Алпите.
Рекордните количини на снег и понатаму го загрозуваат секојдневието во поглемите делови на Австрија, Германија и Чешка, а метеролозите за крај на неделата најавуваат нови врнежи.