(ВИДЕО) Еве како Ердоган се штити од коронавирусот
Објавено во: Балкан 11 Март, 2020
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се појави денес во парламентот со специјален асистент, кој ги снима сите новинари и политичари околу лидерот, објавија светските медиуми.
Целта на асистентот е да го заштити Ердоган од коронавирусот, чиј прв случај е потврден во Турција доцна синоќа. Апаратот со кој работи е термичка камера која ја проверува високата температура (еден од симптомите).
„Ниту еден вирус не е посилен од нашите мерки“, рече Ердоган подоцна пред членовите на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП).
Според неговите зборови, Турција презема соодветни мерки за справување со инфекцијата.
Долго време, земјата беше место каде немаше случаи на коронавирус.
Ердоган не се ракуваше со странските власти оваа недела.