(ВИДЕО) Еве како Израел го гранатираше Појасот Газа - има мртви
Објавено во: Свет 21 Јули, 2018
Израелските авиони и тенкови вчера гаѓаа „воени цели низ целиот Појас Газа“, објави израелската армија.
Тоа е направено како одговор на „пукањето“ кон израелски војници распоредени на границата со таа палестинска енклава.
Војската наведе дека на војниците е пукано при „насилните немири по должината на безбедносната ограда“, која ја претставува границата меѓу Израел и Газа.
Палестинското Министерство за здравство претходно објави дека четворица Палестинци се убиени од израелскиот оган.
Палестинците од 30 март секој петок протестираат во пограничната зона во знак на осуда на израелската и египетската блокада на Појасот Газа.
Многу Палестинци се убиени во овие протести.