(ВИДЕО) Еве како се урнаа куќите во Хрватска
Објавено во: Балкан 13 Март, 2018
Неколку десетици граѓани во Хрватска се отсечени поради поплавите, а десетина куќи се урнаа, при што нема жртви.
Ваквата состојба е предизвикана од големите количества снег, чие топење го предизвика лизгањето. Хрватската влада во соработка со локалните власти ќе им помогне на граѓаните кои останаа без своите домови. Ќе им обезбедиме сместување и помош во обновувањето на куќите.