(ВИДЕО) Еве што се случило момент пред полицајката да биде нападната од продавачка во Белград
Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2020
На нападот врз комуналната полицајка на пазар во соседна Србија, му претходела караница меѓу две продавачки, рекол читател за српски Курир, кој е воедно и очевидец на немилиот настан за кој известија речиси сите медиуми.
Како што се пренесува, продавачките се искарале, па една од нив која се гледа на снимката повикала комунална полиција.
-Кога припадничката на Комуналната полиција дојде, жените продолжија да се караат. Тогаш едната од нив, револтирана, ја удри полицајката. Беше непријатно, бидејќи жената беше само тампон зона, а доби тупаница-рекол читателот сведок .
Овој инцидент ги изненади сите а се огласи и сопругот на нападнатата полицајка кој вели дека неговата сопруга доживеала траума за цел живот.
Фото: курир.рс