20 Април, 2024
0.0263

(ВИДЕО) Евгениј Пригожин од „Вагнер“ испрати чекан во ЕП

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Руска група која војува во Украина се заканува на Европскиот Парламент(ЕП).

Евгениј Пригожин, финансиер на групата „Вагнер“ поврзана со Кремљ испрати чекан до ЕП за да биде доставен до како мрачен потсетник за убиството на Русин во војната во Украина. Во видеото кое се рашири по интернет се гледа како соработник на Пригожин во кутија за виолина доставува чекан на чие сечило се напишани зборовите „PMC Wagner“ и нацртани се дамки од крв, пишува Јутарни.

Заканувачкиот гест на Евгениј Пригожин дојде додека ЕП се подготвуваше да ја осуди групата на „Вагнер“ во необврзувачка резолуција, откако таа вчера ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“. Новото видео и крвавиот чекан всушност се потсетување на уште едно видео кое се појави овој месец, а на кое дезертер од групата „Вагнер“ е претепан до смрт со чекан откако бил фатен. Пригожин првично го пофали наводното убиство, но подоцна ја негираше вмешаноста на „Вагнер“ и ги обвини американските тајни служби, иако тој не даде докази за нивната наводна вмешаност. Пригожин е снимен летово како лично регрутира затвореници низ Русија за да се приклучат во редовите на Вагнер за да се борат во Украина. Тој призна дека ја основал групата на Вагнер во септември 2014 година, откако со години негираше каква било поврзаност со мистериозната платеничка организација.


Руската власт не прифаќа Русија да биде прогласена за терористичка држава. 

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент за прогласување на Русија за државен спонзор на тероризмот, предложи ЕП да се прогласи за спонзор на идиотизмот.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато