(ВИДЕО) ЕВРОВИЗИСКИ ИНЦИДЕНТ: Непознато лице влета на сред настап
Објавено во: Свет 13 Мај, 2018
Непознат маж предзвика хаос на Евровизија 2018. Тој се качил на сцената, го одземал микрофонот на претставничката на Велика Британија, Су Ритоко и започнал да вика на цел глас – “нацисти“.
Човекот веднаш бил остранет од сцената по што претставничката на Велика Британија продолжила со својот настап.
Како што информираат светските медиуми, лицето било веднаш однесено во полиција, а на претставничката на Велика Британија и било понудено повторно да настапи, но таа не прифатила.