(ВИДЕО) ФИЛИПИНИТЕ ВО ОПАСНОСТ: Брачна двојка се венчаше при ерупција
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2020
Двојка од Филипините се венчаше среде вулканска ерупција.
Чино Вафлор и Кат Баутиста Паломар вчера се венчаа на 10 километри од вулканот Тал. Додека церемонијата траела, луѓето сфатиле дека Тал се буди.
Филипинските власти подоцна прогласија тревога од втор степен, најавувајќи експлозивна ерупција во наредните часови. На сите луѓе во радиус од 14 километри им е наредено да заминат.
Ерупцијата денеска е поопасна, а вулканот почна да исфрлува и лава. Вулканот се ноаѓа на околу 70 километри јужно од главниот град Манила.
Властите наредија евакуација на 8.000 луѓе.