(ВИДЕО) ФЛОРИДА: Мрак во градовите, нема вода, нема струја
Објавено во: Свет 11 Септември, 2017
Ураганот Ирма во Флорида корнеше покриви, создаде реки и доведе до прекин на електричната енергија.
Засега 166.000 луѓе се без електрична енергија.
Ветерот се движи со 135 км на час, а ураганот ослабна до прва категорија.
Ураганот се приближува кон заливот Тампа. Штетите кои ги направи деновиве се огромни.
Во Џексонвил и Сент Огастин има поплави. Водата ќе достигне 2.5 метри, а на луѓето им се советува да не излегуваат од засолништата.