(ВИДЕО-ФОТО) АВСТРИЈА ЗАВЕАНА: Лавини убија 9 луѓе - им се закануваат на Германија и Италија
Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2019
Најмалку 9 луѓе загинале во Алпите поради големите количини снег кој паднал во текот на викендот, додека скијачите во Австрија, Германија и Италија се соочени со голема опасност од лавини.
Две лавини усмртиле во неделата двајца германски скијачи во Австрија, на планината во Ворарлберг.
Третиот скијач загинал во округот Понгау, во близина на Салцбург.
Во Баварија скијач загинал по уривање на дрвја во близина на Бада Толза. Лавината на планината Тајсенберг усмртила млада жена.
Двајца алпинисти загинале во италијански Алпи, северно од Торино.
Спасувачите уште бараат неколку исчезнати личности во други делови на Алпите.
Повеќе исчезнати
Спасувачи уште бараат неколку исчезнати личности во други делови на Алпите.
Вториот најголем степен на опасности од лавини сега е на сила во австриската сојузна држава, како и поголем дел на баварските Алпи.
Скијачите се предупредени да избегнуваат неозначени патеки надвор на скијалишта, а бројни планински патишта се затворени поради опасноста од лавините.
Бројни школи во Баварија се привремено затворени поради силниот снег, а поедини возови се запрени.
Во следните денови се очекуваат уште повеќе снег - во Австрија 120 цм нов снег до четвртокот.