(ВИДЕО-ФОТО) КАЛТА ВО КАЛИФОРНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА УБИВА: 17 мртви, 13 исчезнати во бурата
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2018
Бројот на жртви од лизгања на земјишта предизвикани од зимската бура во Калифорнија пораснал на 17 лица по пронаоѓањето на двете нови тела, а уште 13 луѓе се водат како исчезнати.
Се наведува дека тоа вчера го соопштил шерифот на округот Санта Барбара Бил Браун кој додал дека во лизгањата на земјиштата се уништени 100 семејни куќи.
Налозите за евакуација на населението се издадени во понеделникот, бидејќи метеоролозите прогнозирале покренување на лизгања на брдата каде досега најголемите пожари беснееја во Калифорнија минатиот месец, уништувајќи ги тамошните растенија.
Првата голема бура оваа сезона донела во поголем дел од Калифорнија силни ветрови и бурно невреме, а рекордни дождови се забележани во заливост Сан Франциско.
Метеоролозите издале предупредување на поплави и прогнозирале дека студениот бран со силни ветрови би можел да донесе голема количина дожд во Лос Анџелес отколку што паднале во последните десет месеци вкупно.
ФOTO: EPA