(ВИДЕО-ФОТО) МОРНИЧАВИ ГЛЕТКИ: Стравично незапамтено невреме го погоди Рим-луѓе едвај се спасиле
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2018
Катастрофално невреме изминатиов викенд го погоди Рим, а обилни дождови поплавија патишта и метро станици.
Рим го погодил и град што довело до вистински хаос на улиците, поради што луѓето биле принудени да ги напуштат своите автомобили кои останале на поплавените патишта.
Бурата уривала дрвја, а улиците биле преплавени од ѓубре.
Градоначалничката на Рим Вирџинија Раги, истакнала дека екипите за итна интервенција напорно работеле во текот на целата ноќ, за да се врати се во нормала.