(ВИДЕО-ФОТО) СЛИКИ НА УЖАСОТ: Четворица мртви по моќниот земјотрес во Албанија-потрага по жртви со кучиња
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2019
Моќниот земјотрес кој ја потресе Албанија по серија земјотреси, во 03:54 часот утринава, со јачина од 6,4 степени, урна згради и предизвика големи штети.
Албанските медиумите тукушто јавија за четири жртви.
Како што се пренесува полицијата почнала потрага со куќиња во урнат хотел во Драч за да може да се провери ситуацијата без разлика дали има или нема жртви.
Во Драч паднала цела петкатница, а од урнатините е спасено едно дете, јавуваат локални медиуми.
Едно лице пак загинало во градот Курбин откако скокнало низ прозор на зграда, соопштува тамошното министерство за одбрана.
На видео снимките кои се појавија во медиумите се гледа како една зграда се урива а како една со жители и автомобил е во пламен.
#Live from #Tirana, #Albania after a powerful #earthquake.
— Xhildinho Z (@xhildinho) November 26, 2019
JOQ Albania pic.twitter.com/jjzzSzCj8l
Во Драч пак жителите им помагале на полицијата и војската.
Најголема е штетата во Драч, додека во Тирана имало две хоспитализирани лица.