(ВИДЕО) ГЕРМАНИЈА Е ВО ШОК: Убиено е девојче
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2018
Во понеделникот со нож е избодено девојче, додека возело велосипед во градот Вирсен.
Убиената е 15-годишната Јулијана Елена Р. која е избодена со нож, повеќе пати. Германските медиуми пишуваат дека е Романка, но засега не е познато дали имала и германско државјанство.
Локалните медиуми пишуваат и дека девојчето околу пладне во понеделникот било во парк во гратчето Вирсен. Таа е нападната со нож, а нејзините повици ги слушнал бездомник кој веднаш притрчал да ѝ помогне. Набрзо починала во локална болница.
Осомничениот, како што неофицијално се дознава, е 25-годишно момче од Турција, кој истиот ден вечерта се пријавил во полиција. Тој од претходно им е познат на властите, но засега се истражува неговата поврзаност со убиеното девојче.
Пред само неколку дена е убиено девојче во Визбаден.